Натпреварот во третата аргентинска лига помеѓу Хуракан де лас Херас и Фера Карила Оесте се претвори во пекол по вербалната и физичката пресметка помеѓу навивачите во која беше употребено дури и огнено оружје.
Кулминацијата на пресметката помеѓу двете навивачки групи се случи во 79 минута кога од трибините се слушнаа истрели од огнено оружје.
Тренерот на гостите, Маурисио Ромеро е погоден со истрел од огнено оружје во предел на левото рамо, и за среќа не се наоѓа во животна опасност.
Натпреварот е продолжен по прекинот кој траеше 30-тина минути, а на трибините имаше околу 1.000 навивачи.