ВИДЕО+ФОТО | Џеј Зи, „Foo Fighters“ и Керол Кинг стануваат дел од „Rock&Roll Hall of Fame“

3 mins read

Во 2020 година „Rock & Roll Hall of Fame“ одржа виртуелно воведување, како и многу други шоуа кои доделуваат награди за време на пандемијата. Но оваа година церемонијата се одржа, во „Rocket Mortgage FieldHouse“ во Кливленд каде се наоѓа музејот на организацијата.

Настанот се врати на голема врата, со моќна постава и имиња кои ќе го означат 36-тата годишна класа. Оваа година во Халата на Славните ќе бидат вклучени Џеј Зи, бендот „Foo Fighters“ и Керол Кинг, а манифестацијата ја водеа говорите на поранешниот претседател Барак Обама, Тејлор Свифт и поранешниот Битлс, Пол Макартни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by All Things JAY-Z (@allthingsjayz)

Џеј Зи беше првиот кој ја имаше честа на влез, со говор на видео обраќање на Барак Обама, покрај кој говореа и Бијонсе, Крис Рок и ЛеБрон Џејмс.

„Се навраќав на зборовите на Џеј Зи во различни моменти во мојот живот, без разлика дали ја тргав прашината од моето рамо на патеката за време на кампањата, или ги делкав неговите стихови на мостот „Edmund Pettus“ на 50-годишнината на Маршот на Селма до Монтгомери“, изјави Обама.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bobby Fischer (@bobby_fischer_iam)

Комичарот Дејв Шапел, кој формално го воведе Џеј Зи во Халата на Славните, го започна својот говор со извинување за контроверзата околу неговото неодамнешно обраќање, а потоа се префрли на вечното чувство на смиреност на Џеј Зи и како тој остана верен на неговата околина и заедница низ декадите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bey.park – Fan Account (@bey.park)

Покрај Џеј Зи дел од „Rock’n’Roll Hall of Fame“ станаа и пејачката и текстописец Керол Кинг, која доби чест од страна на организацијата во 1990 година заедно со нејзиниот музички партнер и поранешен сопруг Гери Гофин; рокерите „Foo Fighters“, чиј фронтмен Дејв Грол забележа дека долготрајноста на бендот доаѓа од блиските релации помеѓу членовите; неуморната и моќна дива Тина Тарнер, конечно внесена како соло настапувач по влезот како дел од „Ајк и Тина Тарнер“ во 1991 година; „power“-поп бендот „Go-Go’s“; и класичниот рок автор Тод Рундгрен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ultrarock21 (@ultrarock21)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО| ХАОС во Аргентина: Тренер ранет во престрелка на трибини за време на натпревар

Следно

153 нови случаи на ковид-19, во изминатиот ден починале 11 луѓе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian