Шок во Париз: ПСЖ подготвува отказ за Серхио Рамос

1 min read

Кога на почетокот на летниот преоден рок Серхио Рамос по 16 години го напушти Реал Мадрид и потпиша за ПСЖ, навивачите на „светците“ беа во транс, но набрзо се разочаа во Шпанецот.

Рамос на почетокот од подготовките се повреди, а лекарите објавија дека Шпанецот го чека долга пауза и тоа ги разочара челниците на клубот.

Поради неизвесноста околу повредата на Рамос, кој наскоро ќе започне со тренинзите, во ПСЖ размислуваат дури и за раскин на договорот, пишува весникот „Паризиен“.

„Довербата во дефанзивецот која ја имаа луѓето во ПСЖ дури и по повредата повеќе не е непоколеблива. Опцијата за раскин на договорот иако не е на дневен ред, повеќе не е научна фантастика. ПСЖ веќе срамежливо признава дека ангажирањето на Рамос беше грешка“, пишува „Паризиен“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Коњановски: Мора да излеземе од бункерите, да ги извадиме ракавиците и да се фатиме за работа

Следно

Почина „таткото на тирамисуто“ Адо Кампеол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian