Приштина сака да ја вооружи својата армија со тешко вооружување

2 mins read

Армијата на Косово планира да се вооружи со тешко оружје“, откако владата на Косово  за 2022 година го зголеми  буџетот наменет  за Косовските безбедносни сили  на 100 милиони евра.

Косовски специјалци на граничниот премин Јариње / 20 септември 2021 / фото: ТВ Клан/Јутјуб/принтскрин

 

На оваа одлука многу од генералите и поранешни министри за одбрана гледаат позитивно. бидејќи како што велат косовската војска мора да биде опремена со тешко вооружување, пренесува „Косово онлајн“.

„Војската на Косово во моментов се снабдува само со лично оружје и некои снајперисти. Потребни ѝ се топови од секаков калибар, миночистачи од секаков калибар, оружје за противвоздушна одбрана, средства за комуникација и лична опрема на војниците“, оцени за косовските медиуми Кадри Кастрати, поранешен командант на КБС.

Владата на Косово издвои 1,3 отсто од бруто домашниот производ за армијата, додека два отсто се предвидени со стандардите на НАТО. Буџетот за КБС досега беше близу 70 милиони евра.

Како што се наведува, двонеделната блокада на Јариње и Брњак косовската армија ја следела од воздух, но тоа го правеле војниците на мисијата КФОР и Српската војска , бидејќи Косовските вооружени сили не поседуваат ниту еден свој воен хеликоптер.

 

Според резолуцијата 12 44 на Советот за безбедност на ОН Косово во минатото не смееше да има своја армија туку само воено полиицски безбедносни структури вооружени со лесно пешадијско оружје. Намерите на Приштина да се вооружи во Белград беше протолкувано како обид тие да упаднат во северниот дел на Косво каде живеат Срби

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Конте веќе е на пат кон Лондон за да седне на клупата на Тотенхем

Следно

Почина Влатка Гракалиќ, поранешната пејачка на Сребрени крила

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian