Поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, Игор Ангеловски е еден од главните фаворити за клупата на поранешниот хрватски шампион Хајдук, пишуваат хрватските медиуми.
Според весникот „Слободна Далмација“, Ангеловски кој по завршување на Евро 2020 е без ангажман, се вклопува во визијата на челниците на Хајдук.
Освен Ангеловски, во игра за наследникот на Јенс Густавсон се уште и славниот француските тренер Луис Фернандез, Иван Леко и Валдас Дамбраускас како и селекторот на Словенија, Матјаж Кек.