„Политикa“: Заев не доаѓа во Белград, Вучиќ во дилема дали да се одржи најавената средба за „Отворен Балкан“

1 min read

Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, кој синоќа поднесе оставка на премиерското место, на 3 и 4 ноември нема да дојде во Белград, како што првично беше планирано, на состанок на иницијативата „Отворен Балкан“, пишува денеска белградска „Политика“.

– Господинот Заев нема да дојде во Белград со оглед на политичката ситуација, пренесува „Политика“ изјава од Кабинетот на Заев, додавајќи дека „Северна Македонија ќе биде претставена на состанокот во Белград со друг политички преставник, кој ќе биде утврден денеска или утре”.

Првично беше планирано македонскиот и албанскиот премиер Зоран Заев и Еди Рама да ја посетат Србија на 3 и 4 ноември, на средба по повод иницијативата „Отворен Балкан“.

По изборните резултати на вчерашниот втор круг од локалните избори, премеирот Заев синоќа поднесе оставка од премиерската функција, како и од лидерската позиција на СДСМ, што го услови и неговото доаѓање во Белград.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Русија ќе се одржат тенковски воени вежби на ОДКБ

Следно

Циципас: Најдобрите тенисери се себични, ги сакаат сите трофеи за себе

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian