Влатка Гракалиќ, поранешната пејачка на Сребрени крила, почина еден месец откако дознала дека боледува од рак на матката.
Таа настапуваше во Сребрени крила од 1994 до 2000 година, а во групата се приклучи по заминувањето на Влатка Покос.
Влатка Гракалиќ почина во неделата во Норвешка на 48-годишна возраст, потврди за „Вечерњи лист“ сестрата на Влатка, Маја.
„Да, за жал Влатка почина во неделата на 31 октомври 2021 година, по кратко и тешко боледување. Простувањето ќе биде тивко во најтесниот круг на семејството. Бараме мир и разбирање во овие најтешки моменти“, изјави Маја Гракалиќ
View this post on Instagram
Да потсетиме, Влатка настапуваше во Сребрени крили од 1994 до 2000 година, а во групата се приклучи по заминувањето на Влатка Покос. По смртта на фронтменот на Сребрени крила, Мустафа Исмаиловски, таа се посвети на соло кариерата и во 2008 година настапи на Дора со песната „Кажи ми“.
„По смртта на колегата Муц решив да ја напуштам Хрватска и прифатив еден ангажман. Работев како пејачка во еден кавер бенд на Мајорка“, изјави еднаш таа за „ИнМагазин“
View this post on Instagram
Целиот текст прочитајте го ТУКА.
Извор: Еспресо.мк
Извор: www.slobodenpecat.mk