Почина „таткото на тирамисуто“ Адо Кампеол

3 mins read

Сопственикот на ресторани Адо Кампеол, попознат како „татко на тирамисуто“ низ италијанските медиуми, почина на 93-годишна возраст.

Кампеол беше сопственик на ресторанот „Le Beccherie“ во Тревизо, северна Италија, каде е создаден славниот десерт од страна на неговата сопруга и неговиот главен готвач.

Овој десерт, кој комбинира пишкот-бисквити потопени во кафе и крем сирење маскарпоне, се појави на нивното мени во 1972 година, но никогаш не беше патентирано од страна на семејството.

Оттогаш станува неизоставен дел од италијанската кујна, адаптирано во бројни варијанти од готвачи насекаде низ светот.

Постојат бројни расправи за потеклото од тирамисуто, вклучувајќи ги и тврдењата дека бил служен како афродизијак во бордел во градот Тревизо во северна Италија.

Лука Заја, гувернерот на покраината Венето одаде почит, нарекувајќи го „ѕвезда на историјата на вино и гастрономија“

„Во својот дом, благодарејќи на неговата интуиција и фантазијата на неговата жена, се раѓа еден од најпознатите слатки успеси во светот како тирамисуто сертифицирано од Италијанската Академија на Кујната“, напиша Лука Гаја

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Luca Zaia (@zaiaufficiale)

„Le Beccherie“ била отворена од семејството на Кампеол во 1939 година, а Адо го превзема бизнисот по Втората Светска Војна.

Според готвачот со кој заедно го создале десертот, Роберто Лингуаното, ова јадење е резултат на случајност од грешка при готвење сладолед од ванила.

На Лингуаното му се испуштило маскарпоне сирење во чинијата со јајца и шеќер, и откако го забележал пријатниот вкус ја известил Алда, сопругата на Адо.

Потоа заедно го усовршиле десертот со додавање на пишкоти потопени во кафе, и попрашувајќи го со какао, нарекувајќи го „Тира-ми-су“, што во превод од италијански значи „покрени ме“.

Во 1981 година рецептот се појавува во локално Венетско списание посветено на храна и вино, и оттогаш постанува еден од најпознатите италијански рецепти.

Варијанти на тирамисуто вклучуваат алкохол како рум или марсала, но оригиналниот рецепт, кој е сертифициран од страна на Италијанската Академија за Кулинарство во 2010 година, не содржи алкохол затоа што е наменет да биде соодветен и за деца.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шок во Париз: ПСЖ подготвува отказ за Серхио Рамос

Следно

Шилегов повеќе гласан единствено во овие три скопски општини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian