Панајотов: Бугарија испраќа војници на границата со Турција заради бегалците

1 min read

Бугарскиот привремен министер за одбрана, Георги Панајотов, за бТВ изјави дека неговата земја испраќа војници на границата со Турција.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, на бугарско-турската граница има оштетени делници што треба да се обноват, а се наоѓаат долж целата заедничка граница.

Министерот Панајотов најави дека од денеска на бугарско-турската граница ќе има воени лица кои ќе ја поддржуваат работата на Граничната полиција за справување со бегалците.

-Испратени се 350 лица, со околу 40 парчиња техника, објасни Панајотов.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Златан е Златан: Освен Мбапе има уште неколку одлични млади играчи, тука е Халанд, но и Ибрахимовиќ

Следно

ФОТО | Со домашните миленици на Дарио: Овие пајаци јадат животни, не се галат, ама светот би имал повеќе проблеми доколку не би постоеле!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian