Нуно Еспирито Санто повеќе не е тренер на Тотенхем

1 min read

Само два месеци откако седна на клупата на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто си заминува од Лондон. Поразот од Манчестер јунајтед изминатиот викенд ја прели чашата кај управата на Тотенхем која денеска му врачи отказ на Еспирито Санто.

– Нуно Еспирито Санто и неговиот стручен штаб кој го сочинуваат Јан Катро, Руи Барбоса и Антонио Дијаз од денеска се ослободени од должностите. Знам колку Нуно и неговиот тим сакаа да имаат успеси во Тотенхем и жалам што моравме да донесеме ваква одлука. Нуно е вистински џентлем и секогаш ќе биде добредојден во Тотенхем. Му благодариме на него и неговиот тим за се и им посакуваме се најдобро во идинина – изјави директорот на Тотенхем, Фабио Паратичи.

Иако засега нема никакви коментати од челниците на клубот за тоа кој би бил наследникот на Португалецот на клупата на Тотенхем, англиските медиумите шпекулираат дека Паратичи работи на тоа да го донесе Антонио Конте.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Франкофонскиот печат со реакции за оставката на премиерот Заев

Следно

ВИДЕО | Меланија повторно згрозена од Доналд: Погледнете ја урнебесната реакција на Словенката

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian