Н1: Додик не се откажува и планира да ги преземе војската, судството и царината

2 mins read

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, денеска соопшти дека до Парламентот на Република Српска (РС), и покрај сите притисоци, наскоро ќе испрати закони со кои на ентитетот би се пренесле клучни овластувања од државата БиХ.

Како што јави Н1, Додик планира да го оспори постоењето на државните вооружени сили, Високиот судски и обвинителски совет (ВСТВ) и наплатата на даноците и царините на државно ниво.

По состанокот со водачите на сателитските партии кои ја формираат владата на РС со неговиот Сојуз на независни социјалдемократи (СНСД), Додик пред новинарите во Бања Лука изјави дека за тоа ќе се расправа во ентитетскиот парламент помеѓу 15 и 20 ноември.

Тој наведе дека ова се однесува на неважењето на законот за одбрана на БиХ усвоен во државниот парламент пред повеќе од 15 години, законот за ВСТВ како орган кој ги именува сите судии и обвинители на сите нивоа на власт и законот за Управата за индиректно оданочување (УНО) кој на државата и даде право да собира даноци и царини, а тие приходи потоа се делат меѓу субјектите и округот Брчко со посебна методологија.

– Нашата цел е нормативно да ги регулираме овие области најдоцна за шест месеци, рече Додик, кој тврди дека се што тој и неговите коалициски партнери планираат да спроведат е уставно.

Тој смета дека претходните реформи биле спроведени незаконски и под притисок на меѓународната заедница, односно поранешни високи претставници

Додик ги повика опозициските партии да ја поддржат владејачката коалиција, тврдејќи дека се работи за судбоносни одлуки за Србите, односно за РС.

Законите што ги најави Додик би можеле да бидат „црвената линија” за поодлучна реакција на меѓународната заедница, коментира Н1.

Законите што Додик планира да ги испрати до Националното собрание на РС се спротивни на оние што ги усвои парламентот на БиХ, така што нивното оспорување на пониските нивоа на власт би било драстично кршење на уставот и законите.

Евентуалното укинување на Законот за одбрана на БиХ ќе ја ослабне одбранбената моќ на државата, што е кривично дело за кое може да се добие долгогодишна затворска казна.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Пред точно 75 години се одигра првиот НБА натпревар

Следно

ФОТО | Кралицата Елизабета зад волан, годините не се никаква препрека за неа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian