Меси ја отвори душата: Ме повредија зборовите на Лапорта, ќе се вратам да живеам во Барселона

4 mins read

Лоинел Меси за прв пат по неговото заминување од „Камп Ноу“зборуваше за случувањата во Барселона и во интервјуто за каталонскиот весник „Спорт“ откри дека сака да се врати во клубот во кој помина 20 години од својата кариера, но во нова улога.

Поради финансиските проблеми во кои се наоѓа Барселона, Меси во летниот преоден рок си замина од „Камп Ноу“ и потпиша за ПСЖ.

– Вистина е дека ова е голема промена за мене како што зборував и претходно. Не можев да замислам дека ова ќе се случи. За среќа, веќе се привикнав на животот во Париз, децата одат во училиште и влеговме во тој дневен ритам. Среќни сме – изјави Меси на почетокот од разговорот за „Спорт“.

Аргентинецот зборуваше и за тоа како сега гледа на моментот на неговото заминување од Барселона пред два месеци.
– Денеска кога ги гледам натреварите на Барселона ме потсетува на деновите кога играв на „Камп Ноу“, на луѓето во клубот… Сега сум смирен, го прифатив животот тука во Париз и размислувам за се што ми претстои на личен и на професионален план.

Меси исто така зборуваше и за разделбата со Барселона и притоа истакна дека е малку разочаран од претседателот Жоан Лапорта поради неговите изјави во јавноста.
– Тоа е вистина и како што објаснив при заминувањето, јас направив се за да останам во Барселона. Никогаш не бев запрашан да играм бесплатно, туку да ја намалам платата за 50 проценри и тоа го сторив без никакви проблеми и прашања. Се најдов во позиција да му помогнам на клубот, мојата и желбата на семејството беше да останеме во Барселона.
Зборовите на претседателот ме повредија бидејќи мислам дека некои работи не требаше да изнесува во јавност. Ја префрли топката на моја страна и не размислуваше за последици до кои можеше да дојде. Тој со својот потег предизвика сомнежи кај луѓето и мислам дека такво нешто не заслужив – изјави Меси кој додаде дека не знае каде ќе оди кога ќе му заврши договорот со ПСЖ, но сигурен е во една работа, по завршување на кариерата ќе живее во Барселона.

– Тоа е моја и желба на сопругата. Не знам кога ќе ја завршам одисејата со ПСЖ, но сигурно е дека ќе живеам во Барселона. Отсекогаш сум зборувал дека сакам да и помогнам на Барселона на начин на кој можам да бидам корисен. Би сакал да бидам технички секретар во некој момент, не знам дали тоа ќе биде во Барселона или во некој друг клуб. Тоа е една од можностите. Но, сакам да му помогнам на клубот кој го сакам и кој сакам да продолжи да расте и да биде најдобар на светот.

На крајот од разговороот, Меси ја пофали играта на Барселона на која сезонава не и цветаат розите.
– Кога ќе се вратат Агуеро и Дембеле ќе бидат од голема помош. Клубот ќе биде секогаш тука бидејќи е еден од најдобрите на светот и секогаш ќе се бори за титулите кои ќе дојдат порано или подоцна.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Анализа: Голема победа на Орбан во Македонија

Следно

Короната се надвисна над естрадата: Џон Бон Џови и Брајан Адамс позитивни на ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian