Макрон: Знам дека австралискиот премиер ме излажа

1 min read

Знам дека австралискиот премиер Скот Морисон ме излажа, изјави синоќа францускиот претседател Емануел Макрон, јавија австралиските медиуми.

„Дали мислите дека Скот Морисон ве излажал?”, праша австралиски новинар на маргините на самитот на Г-20 во Рим, мислејќи на тајните разговори меѓу САД, Велика Британија и Австралија за одбранбениот договор што доведе до распаѓање на договорот меѓу Париз и Канбера за купување 12 подморници во вредност од 55 милијарди евра.

„Не мислам туку – знам”, рече францускиот претседател, кој веќе изрази гнев поради пропаѓањето на договорот. „Ќе разговараме, ќе видиме што ќе направи”, додаде Макрон, мислејќи на можноста Морисон да си ја врати довербата.

„Имам голема почит за вашата земја и многу почит и пријателство за вашиот народ”, рече францускиот претседател, но истакна дека „кога има почит, но тоа мора да биде обострано и да се однесуваме на начин што ги исполнува овие вредности”. Макрон го опиша самитот на Г-20 како успешен и плоден, „и покрај многуте поделби” меѓу земјите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Славни личности кои веруваат во духови

Следно

СМО: Годините од 2015 до 2021 година се веројатно седумте најтопли досега

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian