Левица: И во Аеродром го вративме името „Република Македонија“

1 min read

Левица вечерва соопшти дека нејзините советници, освен во Штип, свечена изјава на која стои името „Република Македонија“ потпишале и во Советот на Општина Аеродром.

-Меѓу другото, се бориме за сѐ помасовна употреба на уставното име усвоено со Референдумот од 1991 година, коешто формално правно е, и мора да биде во употреба, бидејќи промената на името после неуспешниот Референдум во 2018 е противуставна и спротивна на изразената волја на граѓаните! Поради ова, на денешната седница во Општина Штип, претставникот на Левица во Советот, остро застана зад позициите на ставот на Партијата – свечената изјава да биде потпишана како што е пропишана во Законот за локална самоуправа – односно, со името Република Македонија! Освен во Општина Штип, свечена изјава со правилното име – Република Македонија, беше потпишана и од страна на советниците на Левица во Општина Аеродром!, велат од Левица.

Тие исто така наведуваат дека се залагаат и за пренос на седниците на советите живо со цел граѓаните да имаат директен увид во работата на советите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бламажа на Си-Ен-Ен: Новинарот не знае од кој град известува за КОП26, Глазгов го смени со Единбург

Следно

Ѓоковиќ преку ноќ стана „борец против тиранијата“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian