Нуно Еспирито Санто се уште не го испразни својот ормар по отказот кој го доби утринава, а италијанските и англиските медиуми пишуваат дека е завршена потрагата по неговиот наследник.
Медиумите се сигурни дека Антонио Конте во текот на денот ќе пристигне во Лондон на завршни преговори со англискиот премиерлигаш.
Наводно Конте ја прифатил понудата на Тотенхем и единствена непознаница е должината на договорот и тоа се очекува да биде формалност.
Италијанецот до неодамна се поврзуваше со клупата на Манчестер јунајтед, дури и самиот се нудеше на челниците на „црвените ѓаволи“, но Оле Гунар Солскјер успеа да „преживее“, поради што Конте одлучи да го чека повеќе повикот од „Олд трафорд“.
Медиуимите немаат дилема дека најзаслужен за евентуалното доаѓање на Конте на клупата во Тотенхем е директорот Фабио Паратичи, које добар пријател со тренерот и со кого работеше во Јувентус.
Конте е без ангажман откако по завршување на минатата сезона ја освои титулата во Серија А со Интер си поднесе оставка. Работата во Премиер лигата не му е непозната на Конте бидејќи од 2016 до 2018 година го предводеше Челси и во 2017 година ја освои титулата.