Кинотеката ја започна втората сезона од проектот „Филмска училница“

2 mins read

Со првата сесија во саботата (30 октомври) започна втората сезона на едукативниот проект на Кинотеката, насловен „Филмска училница“.

Проектот е поддржан од Министерството за култура, и се состои од различни едукативни содржини, тематски групирани во десет училници во кои преку интерактивно-креативно учење, учесниците ќе се запознаат со националното аудио-визуелно културно наследство, ќе имаат можност да гледаат филмови од архивот на Кинотека, ќе учат како да размислуваат за едно филмско дело, ќе добијат основни познавања од филмската историја и од филмскиот јазик и ќе имаат можност да креираат кратки филмски етиди, инспирирани од богатата ризница на македонската кинематографија.

Од Кинотеката информираат дека, како и минатата година, кога „Филмската училница“ се одржа за прв пат, десетина ученици од средните училишта ќе се запознаат и со работата на Кинотеката, со различните дејности, како реставрација, дигитализација, филмско архивирање, филмска есеистика и критика, киноприкажување.

– Идејата за проектот е на учениците да им ги приближиме и другите сегменти и професии што се поврзани со филмот, посебно во делот на заштитата на нематеријалното аудио-визуелно културно наследство и финесите на филмологијата, работата со филмска лента, реставрација и дигитализација на филмови. Проектот ќе се одвива секоја сабота во Кинотека и ќе трае 10 недели– додаваат од Кинотеката.

„Филмската училница“ се реализира под водство на филмската и ТВ режисерка Марија Џиџева, а во реализацијата учествуваат и филмолозите од Кинотеката, Владимир Ангелов, Александра Младеновиќ, Бојан Станишиќ, Александар Трајковски, Дамјана Ивановска, Стојан Синадинов, Игор Старделов, Петар Волнаровски, Тихомир Кашмицоски…

http://kultura.gov.mk/

Претходно

ВИДЕО | Меланија повторно згрозена од Доналд: Погледнете ја урнебесната реакција на Словенката

Следно

Историски самит во Глазгов: Светските лидери ја договараат конечната битка против климатските промени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian