Киднапери нападнале млада таеквондистка од БиХ, таа нокаутира еден од напаѓачите

1 min read

Младата таеквондистка од БиХ, Надина Мехмедовиќ, вчера вечерта беше цел на киднапери но успеала да им избега така што нокаутирала еден од нив.

Нападот на 17-годишната таекводистка која успеала да им избега на киднаперите откако нокаутирала еден од нив, го потврди нејзиниот татко, Елвин Мехмедовиќ.

– Сакаме да ја известиме јавноста дека во неделата во вечерните часови во Шијам се случи неверојатна ситуација, непознати лица се обиделе да ја киднапираат Надина Мехмедовиќ, која е репрезентативка во таеквондо. Тие се обиделе на сила да ја внесат во автомобил и притоа и нанеле лесни повреди. Со Божја помош и нејзиното искуство во борби на натпреварувањата во таеквондо, Надина успеала еден од киднаперите да го нокаутира и да избега  со што го избегнала и најлошото сценарио. Ова го објавувам од причина да не му се случи на некого истото и да се внимаваат – изјави Елвин Мехмедовиќ.

Надина Мехмедовиќ е репрезентативка на БиХ во таеквондо/ фотофејсбук/nadina.mehmedovic.94

Таткото на таеквондистката потоа за босански Аваз изјави дека не може да даде повеќе детали бидејќи полицијата врши истрага за случајот, но побара помош во вид на информации.
– Сите сме во шок поради овој случај, и доколку некој видеч нешто или знае нешто, секоја информација е добредојдена за полицијата – напомена Мехмедовиќ/

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Руски политичар досега примил шест дози на вакцини против ковид-19

Следно

ФОТОГАЛЕРИЈА | Дрита Ислами го кажа судбоносното „да“: Еве го избраникот на нашата славна атлетичарка, а таа пак, прекрасна во гламурозна венчаница!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian