Хрватските лекари предупредуваат на преоптовареност на болниците

1 min read

Хрватското здружение на болнички лекари изрази загриженост дека болниците во земјата би можеле да бидат преполни со пациенти тешко болни од ковид-19, јави ДПА.

Хрватскиот здравствен систем „повеќе не постои“, се вели во синоќешното соопштение на здружението.„Системот не постои кога ви требаат врски за да добиете кревет каде има и кислородна поддршка“.

Во исто време, здружението ја критикуваше владата. Додека „пациентите со ковид чекаат со часови во болница бидејќи нема слободни места“, високи владини претставници се однесуваат кон проблемот „како арогантни нарцисоидни тинејџери“.

Во хрватските болници во моментов се лекуваат 1418 пациенти со коронавирус, од кои 170 се на кислородна поддршка. Бројот на случаи во последните седум дена достигна 587,9 на 100 000 луѓе вчера. Вкупно 52,6 отсто од населението во таа држава се вакцинирани.

Драматично зголемување на бројот на новозаразени лица вчера е регистрирано и во Чешка, Полска и Словачка.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Богоевски: Заев замина од премиерската функција како што дојде – достоинствено

Следно

Дневен хороскоп за 1 ноември: Чувствувате нов прилив на енергија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian