Денес сме во живописното село Пополжани, во областа Копачка, на околу шест километри оддалеченост од Кичево. Селото се наоѓа помеѓу падини на југозападот и рамнина околу реката Треска на североисток, а кај Пополжани се влева Бечичка Река во Треска.
Срдечно сме пречекани од Мена Гиноска и нејзиниот сопруг, и двајцата веќе седум години пензионери.
– Се занимаваме со цвеќиња цел живот, додека бевме во градот одгледувавме домашни цвеќиња, – ја започнува својата цветна приказна госпоѓа Мена.
За оваа убавина е вложен голем труд и многу љубов. Дворот се простира на дури 400 метри квадратни. За поголемиот дел, косење на трева, кроење на зимзелените дрвца, жива ограда, е одговорен сопругота на Мена, а нејзиниот ангажман е околу саксиските и другите цвеќиња.
Доминираат зимзелени украсни дрвја и сезонски цвеќиња.
– Во лето дворот е расцветан со петунии, сардели, кавалер и дама, и многу други видови цвеќе, во есен пак, хризантемите го имаат главниот збор – ни открива нашата цветна дама.
Нејзино омилено цвеќе е кавалер и дама, го има во три бои и во многу саксиии…
Целиот текст и фотографиите проследете ги ТУКА.
Извор: Еспресо.мк
Извор: www.slobodenpecat.mk