ФОТО+ВИДЕО: Луксузните вили на Ла Палма покриени со пепел

2 mins read

По фотографиите од куќите проголтани од лава, деновиве од шпанскиот остров Ла Палма пристигнуваат поневеројатни сцени – неколку куќи сега се покриени со огромно количество пепел од вулканот, кој еруптираше на островот пред месец и половина.

Количината на пепел е толку голема што некои куќи во подножјето на вулканот воопшто не се видливи, а пепелта е на улиците или пред вратите на некои згради, блокирајќи го влезот.

Фотографијата од гробиштата е особено страшна – од пепелта излегуваат само крстови.

Шпански Ел Мундо објави дека вулканот не престанува да еруптира лава од 19 септември. Квалитетот на воздухот во Лос Ланос де Аридана е влошен, додека сеизмичката активност е намалена, иако оваа недела се случи нов земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала.

Пепелта од вулканот стигна до северниот дел на островот и покри бројни општини како Тијарафе, Пунтагорда и Гарафија, како и објектите на Институтот за астрофизика на Канарските острови, кој се наоѓа на 2.426 метри надморска височина, пренесува Ефе.

Медиумите јавуваат дека прогнозите за правецот на ветерот, југ и југозапад, би можеле да влијаат на работата на аеродромот во Ла Палма овој понеделник, со преместување на пепелта кон тоа подрачје.

Покрај тоа, еруптивниот столб достигнува и до 4.500 метри надморска височина, објасни директорката на Националниот географски институт (IGN) на Канарските острови, Марија Хозе Бланко.

На локалното население им се препорачува да носат маски доколку ги напуштат своите куќи, бидејќи квалитетот на воздухот на островот е влошен.

ВИДЕО: Ерупција на вулканот на Канарските Острови, евакуирани 5 илјади луѓе

Четири недели не престанува активноста на вулканот Кумбре Виеја на шпанскиот остров Ла Палма

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Прекин на железничкиот сообраќај, утрово не тргна возот кон Велес

Следно

ВИДЕО | Коњановски: Мора да излеземе од бункерите, да ги извадиме ракавиците и да се фатиме за работа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian