Фатени за рака на „ролеркостер“: Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон поминаа викенд заедно

2 mins read

Изминатиот петок Ким Кардашијан Вест и Кортни Кардашијан уживаа во вистински „хорор“ викенд, забавувајќи се во забавниот парк „Knott’s Scary Farm“ во Калифорнија заедно со своите „плус еден“.

Додека е јасно дека Кортни ја придружуваше новиот вереник и предмет на нејзината јавно неизмерна љубов Тревис Бејкер, Ким Кардашијан се појави во ново друштво – актерот Пит Дејвидсон од „Saturday Night Live“.

Ким и Пит се возеа еден покрај друг во количка на тобоган, но и држејќи се за раце, па сите си го поставуваат прашањето, дали се заедно?

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Agnes isika blog (@agnesisikablog)

Иако не е необично да се држи раката на оној покрај вас додека се возите на страшен тобоган, сепак јавноста продолжува да се прашува дали нивниот однос запира токму кај „држењето страв“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by POLISHED® (@polished___)

Тревис се познава со Пит преку Машин Ган Кели, а дружењето се продлабочува по настапот на Ким на „SNL“. Движејќи се во исти кругови, 41-годишната ѕвезда се чини дека сè позачестено се наоѓа во друштво на 27-годишниот комедијант.

Ова појавување е особено интригантно за јавноста и следбеницие откако тие споделија и бакнеж за време на глумата како Аладин и Јасмин во сцена на магичен килим на настапот на „SNL“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Z (@pt.davidson)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косово дава 1,500 евра на семејства кои загубиле член поради ковид

Следно

Дејан Митески на чело на Советот на Општина Аеродром

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian