Ердоган не отиде на самитот за климата во Глазгов- британските власти не му ја обезбедиле потребната безбедност

2 mins read

Турскиот претседател Таип Ердоган ги откажа плановите за учество на климатската конференција COP26, откако Британија не ги исполни турските барања за безбедносните аранжмани, изјавија турски официјални лица за агенцијата Ројтерс.

Ердоган се врати во Турција од самитот на Г-20 во Рим наместо да патува на самитот за климата во Глазгов, јави државната агенција Анадолија. Турското претседателство не ги наведе причините за неговото непланирано враќање.

Официјален претставник кој сакаше да остане анонимен рече дека има проблеми со протоколот околу планираното присуство на претседателот на состанокот. Друг турски функционер рече дека британските власти не ги исполниле протоколите и безбедносните барања на Турција.

„Претседателот ја донесе таа одлука бидејќи нашите барања во врска со бројот на возила и некои други безбедносни барања не се целосно исполнети“, изјави висок функционер за Ројтерс.

Инаку на самитот се очекуваше Ердоган да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, но тие претходно се сретнаа на самитот во Рим .

Средба Бајден-Ердоган го Рим/ Фото EPA-EFE/OLIVIER MATTHYS / POOL

Минатиот месец турскиот парламент го ратификуваше Парискиот договор за климата, со што Туриција стана последната земја од групата Г-20 што го подржа климатскиот договор.

Турција со години ја одложуваше ратификацијата, бидејќи се сметаше дека светот не треба да ја смета за развиена земја.

Ердоган минатата недела рече дека Турција потпишала меморандум за разбирање според кој ќе добие заеми од 3,2 милијарди долари за да и помогне да ги исполни своите цели за чиста енергија поставени со Парискиот договор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шилегов повеќе гласан единствено во овие три скопски општини

Следно

Франкофонскиот печат со реакции за оставката на премиерот Заев

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian