Димитриевски „го одбрани“ бодот за Рајо Ваљакано

1 min read

Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски повторно блескаше на голот на Рајо Ваљекано и втор натпревар по ред во Ла Лига не дозволи да биде затресена неговата мрежа.

Откако во претходното коло „му врачи“ отказ на Роналд Куман откако беше најзаслужен за победата над Барселона од 1:0 со тоа што му одбрани пенал на Мемфис Депај и притоа имаше неколку интервенции, вечерва ја сочува сопствената мрежа и против Селта.

Рајо Ваљекано и Селта одиграа без голови, а Димитриевски се истакна во финишот на првото полувреме кога имаше одлична интервенција како и во второто полувреме кога го одбрани ударот на Мендез.
Со ремито, Рајо Ваљекано остана на шестото место со 20 бодови, додека Селта се наоѓа на 14 позиција на табелата со 11 освоени бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тодоров: Заев направи катастрофална грешка со оставката, од оваа позиција нема назад

Следно

ФОТО | Волшебна убавина во село Пополжани: Цветна приказна на пензионерката Мена

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian