Циципас: Најдобрите тенисери се себични, ги сакаат сите трофеи за себе

1 min read

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас се подготвува за завршницата на сезоната каде го очекува настапот на Мастерсот во Париз и завршниот Мастерс во Торино на кои очекува да го разбуди „убиствениот инстинкт“.

– До крајот на сезоната ми останаа уште два турнири на кои ќе се обидам да го дадам максимумот. Се обидувам да станам себичен на теренот, да го разбудам „убиствениот инстинкт“ – изјави Циципас кој потоа објасни што мисли со тоа.

– Морате да бидете такви, себични. Најдобрите тенисери на светот се многу себични, ги сакаат сите трофеи за себе.

Циципас исто така објасни дека тоа не значи дека тенисерите се себични и надвор од терените.
– Не го мешам својот приватен живот во тоа што се случува на теренот. Кога ќе станете „меки“ и кога ќе дозволите емоциите да ве совладаат, тоа не е добро. Потребно е тоа да се блокира, да бидете фокусирани на тоа што се случува во одреден момент. Тоа е квалитет кој сите врвни тенисери го имаат развиено, тие не се грижат премногу за тоа што се случува на другата страна од мрежата.

Циципас во првиот меч на Мастерсот во Париз ќе игра со победникот од дуелот Херис – Де Минор.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Политикa“: Заев не доаѓа во Белград, Вучиќ во дилема дали да се одржи најавената средба за „Отворен Балкан“

Следно

Мода без отпад: Како да направите нови парчиња од „вишок“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian