Навивачите на Барселона со нетрпение го очекуваат враќањето на Чави Ернандез во клубот каде ги имаше најголемите успеси во играчката кариера, а сега доаѓа во друга улога – како тренер.
Како што пренесуваат каталонските медиуми, Чави во четврток и официјално ќе биде промовиран како нов тренер на Барселона, но нема веднаш да дебитира на клупата.
Шансите да седи на клупата на Барселона наредниот викенд во натпреварот против Селта се мининални иако догогаш ќе биде промовиран во нов тренер.
Медиумите пишуваат дека Чави Ернандез дебито на клупата на Барселона ќе го има во градското дерби против Еспањол кое треба да се игра на 20 ноември.
Репрезентативната пауза Чави планира да ја искористи да ја запознае екипата и на фудбалерите да им ја претстави својата филозофија.