Богоевски: Заев замина од премиерската функција како што дојде – достоинствено

1 min read

На овие избори ние не покажавме дека сите се исти. Покажавме дека сите ни се исти. Сметката за тоа допрва ќе ни биде испорачана. Заев замина од премиерската функција со крената глава. Гордо и донстоинствено како што и дојде. Времето ќе го суди неговото наследство, но дури и да судиме само по неговата последна одлука, таа да се повлече – тоа е целата разлика која ни е потребна, напиша Павле Богоевски на Фејсбук.

– Од едната страна, тие кои се вратија се истите кои беа подготвени целата држава да ја втурнат во насилство, крв и омраза само за да ја зачуваат власта. Тие се подготвени повторно да го сторат истото, и полошо.

Од другата страна, Заев покажа дека ја цени волјата на граѓаните, но и дека ја сака и почитува својата функција доволно за да се повлече и да поднесе одговорност кога граѓаните ќе го побараат тоа. Мирно, достоинствено и без никаков конфликт.

Вредностите над функцијата. Респект, другар!!!, напиша Богоевски.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СМО: Годините од 2015 до 2021 година се веројатно седумте најтопли досега

Следно

Хрватските лекари предупредуваат на преоптовареност на болниците

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian