Од самото спомнување на Си-Ен-Ен порано се се тресеше. Подемот започна во 1990-тите, а потоа во последните децении имаше голем пад на оваа медиумска куќа, која стана позната по низата гафови. Од Триполи во Либан, а не во Либија до Глазгов, извинете Единбург.
Така, познатиот новинар на оваа медиумска куќа, Волф Блицер, со својот твит предизвика вистинска забуна, откако ја објави својата слика дека известува од Единбург од самитот на ОН за климатски промени, кој всушност се одржува во Глазгов.
Блицер на својот Твитер профил објави дека тој и неговиот тим биле во Шкотска на самитот COP26.
„Сега известувам од Единбург, Шкотска, каде што 20.000 светски лидери и делегати се собраа на самитот за климата COP26“, напиша тој, споделувајќи ја својата слика, со замокот на главниот град во позадина.
I’m now reporting from Edinburgh in Scotland where 20,000 world leaders and delegates have gathered for the COP26 Climate Summit. COP, by the way, stands for “Conference of the Parties.” It’s the 26th time they have gathered to discuss and take action on this critical issue. pic.twitter.com/BGTAeU5cBy
— Wolf Blitzer (@wolfblitzer) November 1, 2021
И тогаш илјадници негови медиумски следбеници почнаа да му пишуваат на Блицер дека самитот COP26 не се одржува во Единбург, туку во Глазгов, најголемиот град во Шкотска, оддалечен 72 километри.
И тогаш започна потсмевот на новинарите на CNN. Поранешниот британски пратеник Даглас Карсвел беше меѓу многуте кои на шега го обвинија водителот на CNN за „лажни вести“, додавајќи дека „COP26 се случува во Глазгов“.
Медиа Гвидо, десничарска сатирична новинска агенција, ја нарече објавата „грешка на класичен американски турист“. Австралискиот комичар Крег Рукасел го следеше овој пример, забележувајќи „Кажи дека си Американец без да кажеш дека си Американец“.
View this post on Instagram
„Прости ми ако добијам информации од новинска организација која успеала да отиде во вистинскиот град“, напиша авторот Џејмс Фелтон, кој сподели мем заснован на скеч од американското ТВ шоу „The Office“, во кое американски новинар не успева да направи разлика меѓу Глазгов и Единбург.
И Борис го исмејуваше
Во меѓувреме, британскиот премиер Борис Џонсон се придружи на исмејувањето на новинарите на CNN, велејќи дека Блицер изгледа ги има „сите потребни квалитети за да стане мојот следен министер за надворешни работи“.
Иако се проценува дека околу 20 отсто од 25.000 учесници на COP26 ќе останат во Единбург и ќе патуваат во Глазгов, преместеното шоу на Блицер е повеќе од еден час возење од местото каде што се собраа светските лидери во понеделникот.