Во Ресен до 17 часот гласале речиси 40 отсто од запишаните избирачи

1 min read

Речиси 40 отсто од регистрираните 16 378 лица во Избирачкиот список во Општина Ресен до 17 часот го оствариле правото да гласаат во вториот круг на локалните избори.

– До 17 часот во Општина Ресен право на глас оствариле 6438 лица или 39,31 проценти. Изборниот ден минува мирно, без нарушувања на изборниот процес, изјави претседателот на ОИК Ресен, Тодор Китевски.

Тој информира дека до комисијата биле доставени седум приговори од лица на кои не им биле внесени податоците од новите документи за идентификација.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маск реагира: Ако ОН ми објаснат како 2% од моите пари ќе го решат гладот, веднаш ќе ги дадам

Следно

ВИДЕО: Јапонецот кој избоде 17 луѓе и ги полеа со киселина, потоа мирно седнал и запалил цигара

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian