Чилеанскиот репрезентативец Артуро Видал (34) е еден од најконтроверзните фудбалери на денешницата, но и еден од играчите кои се задолжени за добра атмосфера во соблекувалната.
Последниот документиран испад, Видал го имаше во август годинава која мртов пијан не можеше да влезе во сопствениот луксузен автомобил Ферари 458 Спајдер.
Сега, Чилеанецот ги собра симпатиите на италијанска јавност бидејќи на последниот тренинг пред натпреварот со Удинезе, Видал се појави во стара „Фиан Панда“.
„Конечно пристигна мојот подарок. Сонот ми е исполнет. Со години чекав да го добијам“, напиша Видал.
View this post on Instagram