ВИДЕО | Наивна детска игра во Русија ќе имаше фатален крај: Девојче (5) тешко повредено, со санка влета под тркала на автобус

1 min read

Детска радост на снегот можеше да има фатален крај откако во северноуралското село Черемухово на 30 октомври вечерта петгодишно девојче кое се санкало по мразот во близина на патот, влетало под тркалата на автобус.

На девојчето и се скршени двете нозе. Инцидентот се случил пред очите на нејзините браќа од 8 и шест години, со кои играло. Таа е сместена во болница.

Во моментот на инцидентот, возачот на автобусот бил присебен. Според неговите зборови, ги забележал децата кои се спуштале низ ридот, а кога се приближил слушнал дека автобусот со задните тркала удрил во нешто. Човекот го запрел автобусот, излегол и го видел детето како лежи на патот.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рецензија: „Dune“ е моќна вселенска сага

Следно

ВО ЖИВО: Резултати од вториот круг од Локалните избори 2021

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Успехот во економијата на оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ е четвртото место за Македонија на ранг листа за мерење во Европа со 16% инфлација

Катастрофата во справувањето со економската криза на неспособната власт на СДСМ ја плаќаат граѓаните. За месец

MacedonianEnglishAlbanian