ВИДЕО: Хулиганите на Гремио тешко го поднесоа поразот, влетаа на теренот и кршеа сè пред себе

1 min read

Неверојатни сцени доаѓаат од Бразил каде фудбалерите на Гремио загубија на домашен терен од Палмеираш со 1:3 и тоа доведе до масовни нереди по натпреварот.

Навивачите на домашниот тим по завршување на натпреварот упаднаа на теренот каде кршеа се пред себе поради што мораше да интервенира полицијата.

Гремио поведе во 12. Минута преку Диего Соуза, но во финишот од првиот дел Рафаел Вега постигна два гола за Палмеирас. Во последните моменти од натпреварот, Брено Лопез ја потврди победата на гостинскиот тим, по што хулиганите на Гремио влетаа на теренот додека фудбалерите на двата тима брзо избегаа во соблеувалните.

Навивачите кои влетаа на теренот кршеа и фрлаа се што ќе дофатат, се додека не интервенираше полицијата.

Гремио се наоѓа на претпоследното 19. место со 26 бодови, четири помалку од местото кое обезбедува опстанок во првата лига.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рамадани: Мицкоски верува во Груевски, се враќа груевизмот!

Следно

ДИК ги објави првичните неофицијални резултати од вториот изборен круг

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian