ВИДЕО | Хаос во јапонско метро: 15 повредени, уапсен маж со нож

1 min read

Најмалку 15 лица се повредени во напад на метро станица во Токио. Според Русија Тудеј, полицијата го уапсила мажот со нож и ги испитува извештаите за употреба на солна киселина.

Според јапонските медиумите, осомничениот го полил вагонот со течност и го запалил. Полицијата сега истражува дали течноста е всушност киселина.

Инцидентот се случил само две недели откако 45-годишен маж бил уапсен бидејќи избодел двајца мажи на станицата Уено во Токио.

Двете жртви биле хоспитализирани, а осомничениот – кој наводно „талкал некохерентно“ и носел крвав нож – набрзо бил уапсен од полицијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Роденден без торта не бива: Десерт од кој вашиот миленик ќе залае од среќа

Следно

ВИДЕО | Даштевски: Мирен изборен ден, излезноста до 13 часот е 24,87 отсто

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian