ВИДЕО: Јапонецот кој избоде 17 луѓе и ги полеа со киселина, потоа мирно седнал и запалил цигара

1 min read

Вознемирувачки снимки пристигнуваат од Јапонија, каде денеска напаѓач избоде и полеа со киселина 17 патници во токиското метро, по што запалил еден од вагоните, пред полицијата да го совлада и уапси.

Напаѓачот, облечен во

Напаѓачот кој избоде и полеа со киселина 17 луѓе / фото: Твитер/принтскрин

костум, без предупредување извадил нож и почнал да ги боде луѓето околу него, предизвикувајќи паника во метрото. Тој истовремено и ги полевал со киселина дел од патниците по што, откако останал сам во вагонот, мирно седнал и запалил цигара, а на социјалните мрежи се појави снимка од тој момент.

Повозрасен човек е во критична состојба откако бил прободен од напаѓачот, а сведоците изјавија дека тој испрскал запалива течност и предизвикал пожар во вагонот, јавија медиумите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Ресен до 17 часот гласале речиси 40 отсто од запишаните избирачи

Следно

Таравари: Очекувам да победи подобриот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian