Весковски му ја честита победата на Јакимовски во Карпош

1 min read

Кандидатот за градоначалник на општина Карпош, Душко Весковски, од СДСМ се огласи на социјалните мрежи по денешниот втор круг од локалните избори. Еве што порача: 

-Денес изборниот ден помина мирно и демократски, токму така како што му доликува на Карпош. Ви благодарам за големата излезеност и поддршката која ми ја дадовте. Благодарам на моето семејство, моите пријатели и тимот кој ме поддржуваше во изминатиот период. Воедно сакам да му ја честитам победата на мојот противкандидат Стевче Јакимовски, но и да му порачам дека во Општина Карпош ќе бидеме конструктивна опозиција, која секогаш ќе работи во интерес на граѓаните! Да сте здрави и живи сите!

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Што значат астролошките куќи во наталната карта?

Следно

СДСМ и ВМРО да размислат за широка коалиција, предлага Кржаловски

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian