Англискиот премиерлигаш откако пред 15-тина дена беше купен од Саудискиот инвестициски фонд кој е под директна надлежност на принцот Мохамед бин Салман, стана најбогат клуб на светот со кој секојдневно се поврзуваат дел од најголемите фудбалски ѕвезди.
Засега речиси е сигурно дека во зимскиот преоден рок ќе пристигне Арон Ремзи од Јувентус, а денеска англиските медиуми објавија сензационална вест, дека новите сопственици се подготвени во зимскиот преоден рок да искешираат 30 милиони евра за фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос.
Медиумите известуваат дека челниците на Реал Мадрид се подготвени да ја прифатат понудата за 32-годишниот фудбалер, бидејќи имаат замена за него во младиот Едуардо Каманинга кој беше купен пред почетокот на сезоната.
Крос од 2014 година е член на Реал Мадрид со кого освои се што можеше да освои, Лигата на шампионите, Ла Лига, Европскиот Супер куп, ФИФА светскиот клупски куп, шпанскиот Куп, а со Баерн Минхен има титули во ЛШ, Бундеслигата и Германскиот куп. Крос исто така со репрезентацијата на Германија во 2014 година триумфира на Светското првенство.