Строгите мерки не помогнаа, нов црн рекорд во Словенија

1 min read

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.663 нови случаи на коронавирус, со 42,1 отсто позитивни резултати меѓу тестираните, што е најголем удел на позитивни тестови од почетокот на епидемијата, соопшти денеска Националниот институт за јавно здравје (НИЈЗ) на таа земја.

Рекорден е и новиот број активни случаи, кој се искачи на 27.710, додека просечниот број на дневни инфекции во последните седум дена изнесува 2.276, пренесува Н1.сло. Четиринаесетдневната инциденца на инфекција на 100.000 жители се зголеми на 1.314.

Според официјалните податоци на Министерството за здравство, целосно вакцинирани се 53,1 отсто од населението.

Бројот на хоспитализирани продолжува да расте, така што денеска во болниците има 572 пациенти, од кои 138 се на интензивна нега, а уште шест пациенти починале.

Владата на Словенија најави поригорозни мерки, а не ја отфрли можноста за строго затворање, доколку бројот на пациенти на интензивна нега ја надмине критична бројка од 160 до 180 пациенти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Карпош до 15 часот со најголема излезеност од скопските општини во вториот круг

Следно

Зошто се резбарат тикви на Ноќта на вештерките?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian