Освен во Сарај во сите други скопски општини излезноста до 11 часот во вториот круг од локалните избори е поголема од првиот круг.
Најголема излезност во Скопје има во Карпош 17,57 отсто, додека во првиот круг излезноста во 11 часот беше 10,33 отсто.
Во Кисела Вода излезноста е 16,54, а во првиот круг беше 11,45, отсто.
Во Центар 16,50 отсто, додека во првиот круг беше 10,47 отсто.
Во Ѓорче Петров во првиот круг излезноста беше 11,22 отсто во 11 часот, а сега е 15,95 отсто.
Во Општина Аеродром излезноста е 14,92, а во првиот круг беше 10,42 отсто.
Во Гази Баба 14,56 отсто излегоа до 11 часот, а во првиот круг 10,75.
Во Бутел во првиот круг до 11 часот излегоа на гласање 11.01 отсто сега 13,77.
Во Чаир сега е 10,11 отсто, а во првиот круг беше 6,98 отсто.
Во Шуто Оризари беше 6,69 отсто до 11 часот во првиот круг, а сега е 9,64.
Само во Сарај излезноста во вториот круг е помала од првиот – сега е 5,42 отсто, а во првиот круг беше 6.05 отсто.
Во Скопје се гласа за градоначалник на Град Скопје, а втор круг избори има и за градоначалници на општините Карпош, Центар, Чаир и Шуто Оризари.