Што значат астролошките куќи во наталната карта?

7 mins read

Секоја натална карта  е составена од три главни елементи, одлучувачки за нејзиното толкување, а тие се – знаци, планети и куќи. Секторите во кои се соочуваме со искуствата од нашиот живот се нарекуваат астролошки куќи. Планетите кажуваат што може да се случи, хороскопските знаци ни даваат до знаење како, а куќите не наведуваат – каде, односно во кој контекст нешто се случува.

Астролошките куќи ја кажуваат секоја карактеристика на нашата личност и ја прават нашата натална карта, многу важна специфична карта базирана на периодот, местото и времето на раѓање, со многу индиции за карактерот, склоностите и судбината на секој од нас. Можеме да ја дефинираме како персонализиран хороскоп, која покажува далеку повеќе од хороскопскиот знак во кој сме родени или Подзнакот. Секој знак на Зодијакот има уникатни и посебни карактеристики: откријте ги заедно со нас!

Лични куќи: прва, втора, трета, четврта, петта и шеста куќа

Астролошките куќи ги претставуваат различните аспекти на животот и развојот на поединецот. Првите шест куќи се лични, другите шест се меѓучовечки. Планетите позиционирани во куќите укажуваат на нивното влијание во тој хороскопски сектор. Кога во некоја куќа имаме многу планети, таа област е посебно активна преку настани поврзани за она што го означува таа куќа или преку искуства кои ги стекнуваме преку таа област. ДОколку некоја куќа е празна, не значи дека губи на значење, зашто положбата на владетелот на таа куќа има значајна улога во тоа колку е таа нагласена.

Секоја од куќите се однесува на одредена димензија на вистинското постоење на поединец, додека знаците на Зодијакот ги откриваат тенденциите на неговата личност. Значи, знаците се однесуваат на природата на поединецот.

Асцендентот, односно точката од која почнува првата куќа – врвот на Првата куќа, ја покажува сликата што им ја даваме на другите за себе, таканаречената „манифестирана личност“, физичката конституција, наследните фактори, карактерот и начините на работа. Ако првата куќа зазема неколку знаци, сите тие ќе влијаат на личноста. Нашиот Асцендент, без оглед на знакот на раѓање, ја прикажува нашата личност.

Втората куќа се однесува на финансиската состојба, парите, работата, бизнисот, имотот, но и на знаењето и емоциите; таа е поврзана со знакот на Бик, со идејата за потребата од пари и со планетата Венера.

Третата куќа е поврзана со контакти со други, со односи меѓу браќа, сестри, братучеди, чичковци, односно со хоризонталното сродство, но и со студии, трговија, масовни медиуми и се што се однесува на културниот и внатрешниот свет на една личност. Ако Сонцето или други важни планети се сместени во оваа куќа, тоа може да укаже на склоност кон студирање или комуникација (новинарство, телевизија и филм, односи со јавноста). Третата куќа се однесува и на кратките патувања.

Четвртата куќа е ​​поврзана со Ракот и со Месечината, а се однесува на потеклото, на семејството, на карактеристиките на родителите ( особено таткото), традиционалните вредности и принципи, детството, несвесното; покажува како поединецот ја доживува својата семејна ситуација и неговиот дом. Ако имаме една или повеќе планети во Четвртата куќа, тоа може да укаже на поголема склоност на личноста кон своето потекло.

Петтата куќа ја претставува љубовта, односот со децата и проблемите во нивното образование, забавата, способноста за раѓање, уметничката креативност. Обезбедува информации за тенденција кон коцкање, слободни активности, и задоволства воопшто. Поврзана е со Лавот и Сонцето.

Шестата куќа, во комбинација со Девица и планетата Меркур, го претставува здравјето, предиспозиција за болести, естетска грижа, односи со вработени или работодавачи, како и нашиот однос кон миленичиња.

Нелични куќи: седма, осма, деветта, десетта, единаесетта и дванаесетта куќа

Седмата куќа, поврзана со хороскопскиот знак Вага и планетата Венера, претставува брак или заеднички живот со партнерот, дали тој ќе биде стабилен и траен  или се предвидуваат разделби и разводи, но се однесува и на компании и деловни партнери, здруженија и договори, како и на правни прашања и судења.

Осмата куќа се занимава со личната смрт и смртта на роднините, проблеми со наследството, пензија, тајни љубови, сексуалност, таа е поврзана со знакот Шкорпија и планетата Плутон.

Деветтата куќа, поврзана со хороскопскиот знак Стрелец и планетата Јупитер, се однесува на „далечните“ патување (во далечни земји), на односи со странци, со нивните обичаи и ритуали, но и на потрагата по поинтелектуална смисла, како и смислата на животот. Всушност, тоа е и поле на филозофијата, религијата, и затоа проширувањето не е само географските, туку и на културните граници.

Десеттата куќа, поврзана со Јарец и планетата Сатурн, е поврзана со судбината, амбицијата, личниот успех во работата, кариерата, како и леснотијата или тешкотијата да се постигне одличен социјален и професионален успех. Тешкотиите или предностите зависат од планетите што ја окупираат оваа куќа и нивните позитивни или негативни аспекти. Да се има Сонце во оваа куќа укажува на социјално и професионално искачување и на многу важни улоги. Исто така, се однесува на односот со мајката. Врвот на 10 -та куќа го означува Зенитот на денот на раѓањето.

Единаесеттата куќа е за друштвото, пријатели, вистинскиот начин на давање и примање, пријателство, идеали, афинитети, надежи, проекти, социјални односи, заштита и помош од многу важни луѓе; таа е поврзано со знакот Водолија и планетата Уран.

Дванаесеттата куќа го претставува несвесното, личниот таен живот; таа е куќа на старост, болници, испитувања на кои поединецот ќе биде подложен во својот живот, како што се долги болести, осаменост, болници, затвори, начинот на кој ќе го заврши својот престој на Земјата, на скриени мистерии, таа е поврзана со знакот Риби и планетата Нептун.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џабе е најбогат клуб на светот, Њукасл не може да најде тренер

Следно

Весковски му ја честита победата на Јакимовски во Карпош

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian