Протести во Милано против зелениот Ковид сертификат

1 min read

Неколку илјади луѓе синоќа во Милано протестираа против владините пандемиски мерки, јави ДПА.

Протестот беше против зелениот сертификат, што е доказ дека некое лице е вакцинирано, има негативен тест или прележал Ковид. Тоа е неопходно за сите работници во државата.

Ковид сертификати во Италија/ Фото EPA-EFE/JESSICA PASQUALON

„Не за зелениот сертификат”, скандираа демонстрантите.

На протестот имаше распоредено голем број полицајци со штитови и шлемови.

Според полицијата, во демонстрациите учествувале повеќе од 4.000 луѓе, пренесе АНСА.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денес претежно сончево, од утре следат промени

Следно

Лични карти ќе се издаваат и денеска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian