Принцот Чарлс предупреди: Ова е последна шанса да ја спасиме планетата

1 min read

Британскиот престолонаследник Чарлс ги повика светските лидери да обрнат внимание на гласовите на очајот на младите кои ќе го сносат товарот на климатските промени и предупреди дека самитот на Обединетите нации за климата, кој почнува денеска во Глазгов, е буквално последна шанса за планетата Земја, пренесува Гардијан.

Тој им наложи на лидерите на Г20 кои присуствуваа на состанокот во Рим дека имаат „огромна одговорност кон генерациите што се уште не се родени“.

„Невозможно е да не ги слушнете очајните гласови на младите кои во вас ги гледаат оние кои владеат со планетата и ја држат својата иднина во свои раце“, рече принцот Чарлс.

Тој како долгогодишен промотор на заштитата на животната средина рече дека „конечно чувствува промена во ставовите и позитивен моментум“ во однос на климатските промени.

Принцот Чарлс заедно со министерот за надворешни работи на Италија и претседателот на Франција/ Фото EPA-EFE/ANGELO CARCONI

Тој додаде дека владите мора да играат водечка улога, но дека приватниот сектор „го држи крајниот клуч за решенијата што ги бараме“.

Принцот Чарлс во понеделник официјално ќе го отвори COP26 во Глазгов, наместо неговата 95-годишна мајка, кралицата Елизабета Втора, на која лекарите и препорачале да се одмори.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Halloween“ модно издание на Христијан Младеновски инспирирано од „Morticia Addams“

Следно

Нови 349 случаи на ковид-19, 12 лица починати

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian