На 31.10.2021 во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Лука Геров“ и ул.„Тиранска“, патничко моторно возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(34) од с.Визбегово-скопско, удрило во ограда од куќа.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извор: skopjeinfo.mk