Јовиќ: Направивме сензација, ова е голема победа за младите ракометари

2 mins read

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 вчера направија вистинска сензација во домашниот шампионат победувајќи го големиот фаворит за титулата, Вардар со 27:26 во рамки на деветтото коло во Суперлигата.

Со оваа победа, младите ракометари на вториот тим на Е. Пелистер, ја продлабочија кризата кај шампионот, и во исто време му направија услуга на „постариот брат“ во битката за титулата. Тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ е пресреќен поради победата која очекува да ја подигне самодовербата на неговите играчи.

Направивме сензација во македонското првенство. Вардар во Битола дојде ослабен денес, без неколку стандардни првотимци, пред сè без Тимур Дибиров. Нашата екипа одигра феноменално, борбено и одбрана и во напад но и во полуконтрите. Заслужено победивме бидејќи водевме целиот натпревар. Ова е голема победа за овие млади играчи да ја кренат самодовербата, мора да веруваат во себе, тие имаат голем потенцијал и како поединци и тимски.  Имавме пад во претходните две кола. Овој триумф дојде како мелем за неуспесите претходно. Имаме капацитет и млада екипа, одлични поединци кои може да се изградат за во иднина да бидат првотимци и репрезентативци на Македонија. Треба време и трпение и да не се брза. Што се однесува до публиката, јас сум горд на тоа што го видов и благодарен на цела битолска јавност до „Чкембарите“ што дадоа огромна поддршка. Битола заслужува да има врвен ракомет и мислам дека полека но сигурно тој се враќа во градот – смета Јовиќ чиј тим по девет кола се наоѓа на четвртото место на табелата со 19 бодови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЦИВИЛ: Мирен почеток на гласањето

Следно

Алек Болдвин се соочи со папараците: Моите деца плачат во автомобилот бидејќи знаат дека нè следите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian