Нови проблеми за Барселона, Агуеро ноќта ја помина во болница

1 min read

Барселона и по отказот на Роналд Куман не успеа да победи, но нови главоболки за навивачите и управата на каталонскиот тим и зададе Серхио Агуеро.

Агуеиро во ремито против Алавес, за прв пат се најде во првиот тим на Барселона, но во 41. минута легна на тревата и се фати за градите. Аргентинецот почувствува силно биење на срцето, беше заменет и итно беше префрлен во болница каде ја помина ноќта.

Според последните информации, Серхио Агуеро се чувствува добро, тоа го потврди и неговото семејство, односно мајка му и брат му кои утринава кога ја напуштаа болницата им потврдија на новинарите дека фудбалерот се чувствива добро. Но, Агуеро ќе мора да остане во болница за да му бидат извршени дополнителни тестови.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ДИК: До 9 часот илезеноста на изборите 5,25 отсто

Следно

Почина Росано Рубиконди на 49-годишна возраст, познат како четвртиот маж на Ивана Трамп

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian