Авиокомпанијата еasyJet од утре официјално започнува со нискобуџетни летови од Скопје преку лансирање на директна авиолинија помеѓу Скопје и Женева.
На почетокот планирано е компанијата да лета два пати неделно на оваа дестинација, додека веќе од декември бројот на неделни летови ќе се зголеми на три. Во моментов ниту една компанија нема директен лет на оваа дестинација, а скопскиот аеродром опслужува уште две нискубуџетни компании.
Од компанијата велат дека easyJet е фокусирана на својата успешна стратегија да се прошири низ Европа и да работи во најдобар интерес на компанијата и нејзините клиенти обезбедувајќи ја привлечноста на својата мрежа.
Официјалните податоци покажуваат дека повеќе од 3000 патници летале од Скопје до Женева во предпандемиската 2019 година, додека бројот во текот на 2020 година е 600 патници.
Извор: skopjeinfo.mk