Навивачите на Барселона во еуфорија: Со Чави доаѓа уште една клупска легенда

1 min read

Управата на Барселона интензивно работи на наоѓање на долгорочно решение за клупата на каталонскиот тим откако минатата недела отказ доби Роналд Куман.

Речиси сите спортски медиуми објавија дека нов тренер на Барселона ќе биде легендарниот капитен од златните денови на каталонскиот тим, Чави Ернандез, а неговата промоција се очекува да биде за време на ноемвриските репрезентативни активности во квалификациите за СП 2022.

Денеска каталонскиот весник „Спорт“ од извори во клубот дознава дека еден од главните услови за Чави да седне на клупата на Барселона ќе ги израдува навивачите бидејќи како свој помошник го сака исто така поранешниот капитен Карлес Пујол.

Наводно, Чави сака Пујол да го внесе војничкиот дух во соблекувалната и во екипата и подобар од него за оваа работа нема. Пујол е дете на Барселона, целата кариера ја помина на „Камп Ноу“, а се пензионира во 2014 година поради повредите.

Карлес Пујол веќе имаше понуда да се врати во Барселона, поранешниот претседател Хосеп Марија Бартомеу му нудеше да биде дел од управата и таа понуда ја одби, но се очекува сега да го прифати повикот од Чави.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВО ЖИВО: Резултати од вториот круг од Локалните избори 2021

Следно

(ФОТО) Ова е мајката на Драган Спасов – Дац: Истакната поетеса и прекрасна дама

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian