Илон Маск вели дека веднаш ќе ги продаде двата отсто од акциите на Тесла и ќе го реши гладот во светот, доколку некој од Светската програма за храна на Обединетите нации (WFP) му објасни како тоа може да се направи со шест милијарди долари.
Ова е одговорот на Маск на твитот на Др. Илај Дејвид, водечки експерт за вештачка интелигенција, кој објави дека два отсто од вкупното богатство на Маск е шест милијарди долари, додека Светската програма за храна на ОН собрала вкупно 8,4 милијарди долари во 2020 година. Тој праша како тоа не го реши прашањето за гладот во светот.
If WFP can describe on this Twitter thread exactly how $6B will solve world hunger, I will sell Tesla stock right now and do it.
— Elon Musk (@elonmusk) October 31, 2021
Маск неколку минути подоцна повторно твитна, велејќи дека објаснувањето на ОН, односно финансискиот план, мора да биде транспарентно за јавноста да може точно да види каде и како се потрошени парите.
Само 2 % од богатството на Маск е доволно за да се реши гладот во светот