Макрон и Џонсон не успеаја да се договорат, проблемите околу риболовот продлабочија

2 mins read

Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон се сретнаа денеска за да се обидат да го решат спорот околу риболовот во Ла Манш, но по средбата се чини дека двете земји се подалеку од кога било за решавање на тоа прашање со оглед дека драстично различни верзии за резултатите од средбата.

Спорот настанат по Брегзит за дозволите за риболов во британските води би можел да ескалира во наредните денови откога Франција се закани дека ќе ги блокира британските бродови, пренесува Ројтерс.

По получасовната средба меѓу Макрон и Џонсон на маргините на самитот на Г20 во Рим, висок француски функционер рече дека лидерите се согласиле дека има потреба да разговараат меѓу себе во ситуација на високи тензии. Тој порача дека треба што поскоро да се преземат мерки за смирување на тензиите.

Велика Британија, сепак, негираше дека двајцата лидери се согласиле да преземат чекори за деескалација на спорот, велејќи дека Франција е таа што треба да ја смири ситуацијата.

Британската влада соопшти дека за време на состанокот Џонсон ја повторил својата „длабока загриженост” поради француската реторика и „изразил надеж дека француската влада ќе ги смири тензиите”.

Портпаролот на Џонсон, Макс Блејн, рече дека британската позиција не е променета.

„Французите треба да одлучат дали сакаат да се откажат од заканите што ги упатија во последните денови. Не се обидовме да го ескалираме ова на кој било начин преку реторика или дела. Деескалацијата мора да дојде од француска страна“, рече Блејн.

Џонсон и Макрон на Г20 ќе ја смируваат тензијата околу риболовот

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тројца млади скопјани се степале во Центар по полноќ

Следно

Њукасл не жали пари за засилувања, доаѓа Тони Крос за 30 милиони евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian