Лионел Меси во летниот преоден рок пред почетокот на сезонава по 20 години ја напушти Барселона и се пресели во ПСЖ каде неговите игри се далеку од тоа што го очекуваат и навивачите.
На последниот натпревар во Лига 1 против Лил, тренерот Маурисио Покетино на стартот од второто полувреме го извади од игра Меси и потоа тој потег го објасни со тоа што Аргентинецот бил повреден.
Сега по повод слабите игри на Меси во Лига 1 каде сè уште нема постигнато гол, се огласи и спортскиот директор Леонардо.
– Ситуацијата со Меси и компликувана. Во првиот период во ПСЖ, Меси повеќе време помина со аргентинската репрезентација отколку со клубот поради што сега има проблем. Со толку патување, сево ова е нормално – смета Леонардо.
Според француските медиуми, Лионел Меси беше еден од најслабите играчи на ПСЖ во натпреварот против Лил, но директорот на „светците“ смета дека тоа е нормална реакција на телото.
– Нормално е да имате проблеми со мускулите кога патувате толку многу. Слично е и со Нејмар – додава Леонардо.
Во досегашниот дел од сезоната во Лига 1, Лионел Меси упати 15 шутеви кон противничките голмани, но не постигна ниту еден гол.