Во изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје регистрирани се неколку физички пресметки на кои реагирале од СВР Скопје, како и една кражба во аптека на подрачјето на Центар.
Во СВР Скопје, 20 минути по полноќ И.Б.(38) од Скопје пријавил дека на 30.10.2021 околу 23:15 часот, додека работел во угостителски објект на подрачјето на Центар, бил физички нападнат од едно лице. Се работи на расчистување на случајот.
На 30.10.2021 во 19:10 часот во СВР Скопје, Д.С.(46) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат со тврд предмет од Г.Н.. Се работи на расчистување на случајот.
На 30.10.2021 во 22:10 часот во СВР Скопје, З.Т.(37) од с.Петровец, скопско, пријавил дека во село Петровец, поради претходно нарушени меѓусебни односи, бил физички нападнат од О.К.(51) и неговиот син А.К.(29), двајцата од село Мралино. Сочинет бил записник по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
На 30.10.2021 во 15:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во село Ласкарци, скопско, Н.С.(38), Р.С.(43) и М.С.(27), сите од Ласкарци, поради нерасчистени имотно правни односи, физички го нападнале К.С.(60) од сЛаскарци. Сочинети се записници за констатиран прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
На 30.10.2021 во 20:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачје на Центар едно лице од вработените одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Извор: skopjeinfo.mk