ФОТО+ВИДЕО: Светските лидери фрлија парички во фонтаната Ди Треви во Рим

1 min read

Лидерите на најголемите светски економии денеска во Рим беа во обиколка на знаменитостите на градот, вклучувајќи ја и Фонтаната „Ди Треви”, пред да ја договорат својата конечна изјава за климатските промени и да го завршат дводневниот собир, пишува АП.

Секој од лидерите од Групата 20 најразвиени индустриски земји во светот и земјите во развој фрли паричка во фонтаната, прославена во многу филмови, меѓу кои најпознат е „Ла Долче Вита” на Федерико Фелини.

Се верува дека кој ќе фрли паричка во фонтаната ќе се врати во Рим.

Во денешното фрлање паричка не учествуваа сите лидери на Г-20, а меѓу забележително отсутните беше и американскиот претседател Џо Бајден.

Парите од фонтаната редовно се вадат и се донираат во добротворни цели.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повредена жена, со возило удрила во ограда

Следно

Скопјани помасовно гласаат сега отколку во првиот круг локални избори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian